Македонија Од 11 до 12 часот во прекин магистралниот пат Кочани – Штип

Од 11 до 12 часот во прекин магистралниот пат Кочани – Штип

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози, јавуваат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради протест на месното население од 11 до 12 часот, во прекин ќе биде сообраќајот на магистралниот пат Кочани – Штип, кај селото Облешево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани – Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.