Македонија Од 1 септември се укинува лустрацијата

Од 1 септември се укинува лустрацијата

За десетина дена, односно на 1 септември и официјално ќе се стави крај на процесот на лустрацијата. Ова е предвидено со законското решение кое на предлог на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ денеска, со мнозинство гласови го изгласаа пратениците во Собранието.

Укинувањето на Законот за лустрација доаѓа по бројните критики дека процесот се користи за политичка пресметка со неистомислениците на власта.

Досега лустрирани се вкупно 199 лица, некои од нив со правосилни одлуки, а за голем дел од предметите се водат постапки пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. Меѓу лустрираните се и 35 лица кои повеќе не се живи.