Македонија Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против определен број лица, за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, информираат од Обвинителство.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по примената кривична пријава ги презема сите потребни истражни дејства во согласност со закон. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција дополнително ќе ја извести јавноста за преземените дејства, кои во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.