Македонија Обвинителството ја заврши проширената истрага за „Диво Насеље“

Обвинителството ја заврши проширената истрага за „Диво Насеље“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал синоќа соопшти дека ја завршило проширената истражна постапка за настаните во „Диво Насеље“ од 9 и од 10 мај минатата година. Станува збор за истрага против седум македонски државјани, осомничени за кривичните дела терористичка организација и тероризам.

Во соопштението се наведува дека до одбраната е доставено известување за законскиот рок во кој одбраната може да изврши увид во доказите.

Обвинителството во октомври минатата година соопшти дека врз основа на прибавените докази и на преземените дејства од истрагата, ја прошири истражна постапка за уште седум македонски државјани на кои им беше одредена мерка притвор.