Македонија Обвинител врши увид во куќата во Тетово, каде загинаа мајка и нејзините...

Обвинител врши увид во куќата во Тетово, каде загинаа мајка и нејзините деца

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во двокатната куќа на улица Гоце Делчев во Тетово, каде што ноќеска избувнал пожар при што, според првичните информации, настрадале жена и четири деца.

„Надлежниот обвинител во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот“, информираат од Обвинителство.