Дописници ОБСЕ во охридскиот разгранок на СДСМ

ОБСЕ во охридскиот разгранок на СДСМ

Претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Охрид оствариле средба со општинското раководство на СДСМ, соопшти нивната прес-служба.

Делегацијата од ОБСЕ ја предводел Давид Луф, надзорен службеник во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што гостите биле запознаени со тековните активности и со проекти на разгранокот на СДСМ во Охрид и со плановите за идното партиско дејствување.

– Стана збор и за актуелните случувања и состојби од сферата на политичкиот и општествениот живот во нашата општина, а беа разменети мислења и ставови и околу актуелните политички случувања во земјата. Уште еднаш беше потврдена заложбата и од двете страни за одржување и за продлабочување на меѓусебната соработка, во интерес на развојот на демократските и на другите универзални европски вредности во нашето општество – информираат од Општинската организација на СДСМ во Охрид.