Македонија ОБСЕ/ОДИХР во 15 часот ќе ги соопшти првичните оценки за вториот круг...

ОБСЕ/ОДИХР во 15 часот ќе ги соопшти првичните оценки за вториот круг од изборите

Набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) денеска во 15 часот ќе ги претстави првичните постизборни оценки за вториот круг од локалните избори.

Наодите и заклучоците за изборниот процес ќе ги претстави амбасадорката Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР.

Набљудувачкиот тим на ОБСЕ/ОДИХР кој ги следеше изборите беше составен од 126 набљудувачи од 26 земји – 17 изборни експерти во главниот град, како и 17 долгорочни и 88 краткорочни набљудувачи распоредени низ целата држава.