Македонија Образецот за мигранти е подготвен, се чека законот

Образецот за мигранти е подготвен, се чека законот

Образецот кој на граничните премини ќе треба да го пополнат мигрантите при влегување во земјава, нема да треба да се чека да се донесе по стандардна процедура.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека уште првиот момент кога ќе се донесе законот, образецот ќе може да се употребува.

Законот за азил, по итна постапака ќе се разгледува утре во 12 часот, на пленарна седница на Собранието.