Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат со намален интензитет. Во текот на денот ќе дува умерен југоисточен ветер, додека долж Повардарието ветерот ќе биде засилен и ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Минималната температура ќе изнесува 10 Целзиусови степени, а максималната 21 степен.
Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 19 Целзиусови степени.