Македонија Облачно време со повремен локален дожд

Облачно време со повремен локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, посвежо и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.