Македонија Облачно време со појава на краткотраен дожд

Облачно време со појава на краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со услови за краткотраен дожд во пладневните часови. Попладне и во текот на ноќта ќе има појава на повремен дожд во југозападните и источните делови на земјата. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до петтиот Целзиусов степен, а дневната ќе достигне 16 степени.

Во Скопје, времето утре ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови со појава на повремен дожд, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температура ќе се искачи до 14 степени.