Македонија Облачно време со локални врнежи од дожд

Облачно време со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините се очекува појава на слаб снег. Во текот на денот ќе дува умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус еден до четири Целзиусови степени, а дневната од девет до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време со температура до 12 Целзиусови степени.
Во следните денови се очекува стабилно и суво време, како и постепен пораст на дневната температура.