Македонија Oблачно со врнежи од снег и со температура до 4 степени

Oблачно со врнежи од снег и со температура до 4 степени

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне, почнувајќи од запад, ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и во јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови, врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Дневната температура ќе биде во интервал од минус 1 до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува облачно со повремени врнежи од снег, во текот на денот послаби, а пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Утринава најстудено било во Маврово каде се измерени минус 6 Целзиусови степени, во Ѓуриште, Пожаране и во Крушево минус 4, Крива Паланка, Берово и Лазарополе минус 3, Скопје, Куманово, Тополчани и Претор минус 2, Тетово и Прилеп минус 1, Демир Капија, Битола, Виница и Штип нула, а во Струмица, Охрид, Гевгелија и во Дојран измерени се 2 Целзиусови степени.
Од УХМР соопштуваат дека во текот на денот и на ноќта ќе дојде до зголемување на снежната покривка за околу 15 до 20 сантиметри.

И утре нè очекува слично време, а од петок се најавува стабилизирање на времето и намалување на облачноста.