Македонија Облачно со врнежи од дожд и температура до 22 степени

Облачно со врнежи од дожд и температура до 22 степени

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 17 Целзиусови, а дневната од 12 до 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.