Македонија Oблачно со врнежи од дожд и од снег

Oблачно со врнежи од дожд и од снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Обилни врнежи ќе има претпладне во јужните делови од земјава.

И денеска ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој на моменти локално ќе достигнува брзина и до 80 километри на час. Од градовите, утрово побелеа само Скопје и Тетово.

Времето и наредните денови ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и од снег на повисоките места и на планините.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево, 80 литри на еден квадратен метар, во Охрид – 61, Прилеп – 57, Пожаране – 50, Тополчани – 47, Претор – 46, Битола и Демир Капија – 45, Тетово – 41, Штип и Дојран – 40, Крива Паланка и Берово – 35, Куманово – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 28 и во Виница – 27 литри на еден квадратен метар.