Македонија Oблачно со врнежи од дожд

Oблачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и во јужните делови од земјава, каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 литри воден талог на еден квадратен метар, а локално и повеќе од 30 литри на еден квадратен метар. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Помалку врнежи ќе има в четврток и в петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер. За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и затоплување.