Македонија Облачно со повремени врнежи од дожд

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на еден квадратен метар, особено во источните и во југоисточните делови од земјава, каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат и поројни, проследени и со грмежи. Температурата ќе се движи од 8 до 17 Целзиусови степени.
И утре ќе продолжат врнежите, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег.

Од среда ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.