Македонија Облачно со повремен дожд во претпладневните часови

Облачно со повремен дожд во претпладневните часови

Попладне се очекува појава на дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со максимална температура до 17 Целзиусови степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо време, во сабота ќе биде сончево со мала облачност, додека во недела ќе има врнежи од дожд.