Македонија Облачно со можност за краткотраен локален дожд

Облачно со можност за краткотраен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот се очекува појава на краткотраен локален дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, максималната ќе достигне 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 20 Целзиусови степени.