Македонија Облачно со дожд, поинтензивни врнежи во западните делови

Облачно со дожд, поинтензивни врнежи во западните делови

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе се поинтензивни во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервалот од 12 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и максимална температура до 18 Целзиусови степени.

Променливото облачно и врнежливо време ќе продолжи и во текот на наредните денови, со исклучок на сабота. Поголеми промени во температурите нема да има.