Македонија Облачно и врнежливо време

Облачно и врнежливо време

Времето денеска, под влијание на влажниот бран од Медитеранот, ќе биде дождливо, особено во попладневните и во вечерните часови, кога е можно да врнежите да станат и пообилни. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со поинтензивни врнежи во вечерните часови.

Минималната температура ќе изнесува 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот нè очекува стабилно време. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека в недела ќе биде сончево со умерена облачност и малку потопло.