Македонија Облачно и ветровито време, со повремен дожд

Облачно и ветровито време, со повремен дожд

Времето денеска ќе биде облачно, постудено и ветровито со повремени врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет. На планините и на некои места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне и најизразен долж Повардарието.

Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и ветровито, околу пладне и попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, претпладне засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 6 Целзиусови степени.

Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Утре се уште ќе има зголемена облачност, а од петок и особено за време на викендот ќе биде посончево и потопло, со дневна температура што во поголем дел од земјава ќе биде од 10 до 15 Целзиусови степени.