Македонија Облачно и посвежо време

Облачно и посвежо време

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 15 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 14, а дневната температура до 24 Целзиусови степени.