Македонија Облачно и постудено време

Облачно и постудено време

Времето претпладне ќе биде облачно, особено во западните делови од земјата, а попладне ќе дува повремено засилен северозападен ветер и облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време и утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.