Дописници Објавен конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Објавен конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Општина Охрид го распиша традиционалниот конкурс за најдобар расказ за наградата „Живко Чинго“.

Наградата ќе биде врачена на 13 август, на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во неговото родно место, Велгошти.

Краен рок за доставување на трудовите до Општината е 31 јули. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.