Македонија Објавен извештај за имплементацијата и реализацијата на планот 3-6-9

Објавен извештај за имплементацијата и реализацијата на планот 3-6-9

Заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија ЕК) за состојбите и напредокот на земјава на патот кон почеток на преговорите со ЕУ,  истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страната на Секретаријатот за европски прашања.

Според овој извештај, во изминатите девет месеци Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, односно од Планот 3-6-9 реализирани се преку 90% од предвидените реформи и 100% од неговата суштина.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година.