Македонија Скопската обиколница и денеска отворена за сообраќај

Скопската обиколница и денеска отворена за сообраќај

Обиколницата околу Скопје денеска повторно ќе биде отворена за сообраќај поради најавата за дожд, информира македонската продукција „Мануфактура“ во име на продукцијата од Франција „Шик филмс“, која таму го снима филмот „А Фонд“.

Филмот почна да се снима во понеделникот, кога обиколницата беше затворена за движење на возила.

Поради неповолната временска прогноза, екипата денеска нема да снима и автопатот ќе биде во употреба за сообраќај за граѓаните.