Свет Обама во вторник ќе се запознае со новиот саудиски крал

Обама во вторник ќе се запознае со новиот саудиски крал

Претседателот на САД, Барак Обама, во вторник ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се запознае со новиот крал Салман и да изрази сочувство на фамилијата на покојниот крал Абдула, велат од Белата куќа.

Делегацијата на САД требаше да ја предводи потпретседателот Џо Бајден, но распоредот на Обама беше сменет и тој ќе ја скрати посетата на Индија за еден ден за да оди во Ријад, рече порпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Погребот на кралот Абдула беше одржан вчера, а светските лидери овие денови патуваат во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, за да изразат сочувство на семејство и да се поздрават со новиот владетел.