Свет Обама во посета на Саудиска Арабија

Обама во посета на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Барак Обама допатува во Саудиска Арабија во момент кога односите меѓу Ријад и Вашингтон се особено затегнати.

Обама ќе разговара со кралот Салман, а утре ќе учествува на Советот за соработка во Голфскиот Залив, во чиј состав се Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Шефот на Белата куќа сака во центарот на вниманието да ја стави борбата против Исламска држава и ставањето крај на судирите во Сирија и во Јемен.

Сунитските монархии во Голфскиот Залив се незадоволни од укинувањето на меѓународните санкции кон Иран.