Свет Обама во посета на Етиопија

Обама во посета на Етиопија

Претседателот на САД, Барак Обама, престојува во Етиопија каде со лидерите на земјата ќе разговара за борбата против тероризмот, човековите права и за регионални безбедносни теми.

Обама е прв претседател на САД што ја посетил Етиопија.

Групите за човекови права го критикуваа Обама поради посетата на оваа африканска земја.

Критичарите велат дека неговата посета дава легитимитет на владата, која ги користи безбедносните проблеми како изговор за задушување на опозицијата и на основните човекови права.