Свет Обама во историска посета на Куба во март

Обама во историска посета на Куба во март

Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Куба следниот месец и по полни 88 години тоа ќе биде прва посета на американски претседател на таа земја.

Во блогот, Обама напиша дека заедно со својата сопруга ќе ја посети Куба на 21 и на 22 март.

– Повеќе од 50 години, САД вршеа изолација на Куба. Но, тоа не функционираше – напиша Обама.

Администрацијата на Обама ги обнови дипломатските односи со Куба, прекинати во 1959 година кога на власт дојде Фидел Кастро.