Свет Обама сака да стави крај на „епидемијата на вооружено насилство“

Обама сака да стави крај на „епидемијата на вооружено насилство“

Американскиот претседател Барак Обама задутре ќе разговара со државната обвинителка Лорета Линч за акциите што треба да се преземат во врска со контрола на оружјето.

Обама во неделното радио-обраќање кон нацијата рече дека добил многу писма од родители, наставници и од деца за „епидемијата на вооружено насилство“ и оти не може да „седи беспомошно и да не преземе ништо“.

Тој рече дека потребно е да се спречи малиот број на опасни луѓе да дојдат до оружје.

Трговците со оружје, кои имаат сојузна дозвола, мора да истражат и да соберат податоци за лицата што купуваат оружје.
Сепак, многумина што продаваат оружје ја немаат соодветната дозвола.