Свет Свет Обама отвори профил на „Фејсбук“

Обама отвори профил на „Фејсбук“

Белата куќа отвори денеска профил на „Фејсбук“ за претседателот Барак Обама, кој ја искористи оваа социјална мрежа за да испрати порака за климатските промени.

„Организирање за акција“ е политичка организација која му помогна на Обама при изборот за претседетел, а веќе долго ја користи страницата на „Фејсбук“ под името „Барак Обама“, но новиот профил му овозможува на претседателот да зборува во прво лице, слично како и на „Твитер“.

Првата објава што денеска ја постави на „Фејсбук“ е видеопорака за климатските промени во која шета пред Белата куќа и се воодушевува на природата.

– Конечно имам свој профил на „Фејсбук“. Ве повикувам да се прошетате со мене во мојот двор – вели Обама во видеопораката.

Тој ги повика Американците да го дадат својот удел во борбата против климатските промени.