Свет Обама од конгресмените ќе бара повеќе пари за борба против ИД

Обама од конгресмените ќе бара повеќе пари за борба против ИД

Американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со конгресните лидери во Белата куќа треба да разговара за своето барање Конгресот да одобри армиска сила и дополнителни милијарди долари за борба против Исламската држава (ИД).

На прес-конференција неделава, Обама најави дека ќе побара од законодавците да изгласаат употреба на армиска сила против ултрарадикалната милитантна група во Ирак и Сирија. По конгресните избори одржани во вторникот, претседателот сега се соочува со опозиција во обата дома на Конгресот – републиканците ја презедоа контролата во Сенатот, а го задржаа мнозинството во претставничкиот дом.