Свет Обама нема да се извини за атомската бомба во Хирошима

Обама нема да се извини за атомската бомба во Хирошима

Американскиот претседател Барак Обама за време на неговата историска посета на Хирошима нема да се извини за атомската бомба која САД ја фрли врз градот за време на Втората светска војна.

Во интервјуто за јапонската телевизија „НХК“, на прашањето дали за време на посетата во Хирошима ќе се извини, Обама рече не, бидејќи, смета дека е важно да се разбере дека лидерите за време на војните носат секакви одлуки.

– Задачата на историчарите е да поставуваат прашања и да вршат истражувања, но како некој кој ја врши оваа функција во последните седум ипол години, знам дека секој државник носи многу тешки одлуки, особено за време на војна – наведе Обама.

Toj ќе биде првиот американски претседател кој ја посетил Хирошима, откако на 6 август 1945 година е фрлена првата атомска бомба.