Македонија Обама: Не сме излекувани од расизмот

Обама: Не сме излекувани од расизмот

САД не ја совладале својата историја на расизам, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју во популарната радиоемисија на интернет на комичарот Марк Марон. Интервјуто е емитувано по апсењето на белото момче за расистичкото убиство на девет црнци во црквата во Чарлстон, во државата Јужна Каролина.

– Не сме излекувани од расизмот. Не станува збор само за тоа дека не е пригодно да го кажеш зборот „нигер“ (nigger) на јавно место. Тоа не е мерило дали расизмот сè уште постои или не. Не се запира само на отворената дискриминација. Општествата целосно не се обликуваат од вчера до денеска бидејќи сето тоа се случило пред 200 или 300 години – изјави Обама.