Свет Обама ќе ја посети Хирошима

Обама ќе ја посети Хирошима

Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Хирошима, соопшти Белата куќа.
Обама ќе ја посети Хирошима заедно со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Патувањето во Хирошима е потврда за определеноста на претседателот „за мир и за безбедност во свет без нуклеарно оружје“, се додава во соопштението.

Шефот на Белата куќа ќе биде во посета на Виетнам и на Јапонија од 21 до 28 мај.Тој ќе учествува на самитот на Г7, кој се одржува во Јапонија.