Свет Свет Обама и Меркел разговараа за бегалската криза во Европа

Обама и Меркел разговараа за бегалската криза во Европа

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за бегалската криза во Европа и се согласиле дека претстојната донаторска конференција во Лондон ќе биде шанса да се поттикнат глобалните напори по тоа прашање, соопшти Белата куќа.

Обама во телефонскиот разговор ѝ соопштил на Меркел дека планира да организира самит на лидери во Генералното собрание на ОН во септември, на кој ќе се обезбедат нови начини за помош на бегалската криза, се додава во соопштението.

„Двајцата лидери се договориле дека заедно ќе работат во следните месеци за да се заштитат и да се згрижат милиони лица, чии животи ги промени војната“, соопштија од Белата куќа.