Свет Свет Обама и Кастро се сретнаа во Палатата на револуцијата

Обама и Кастро се сретнаа во Палатата на револуцијата

Претседателите на САД и на Куба, Барак Обама и Раул Кастро, денеска се сретнаа во Палатата на револуцијата во Хавана.

Обама, кој третпат формално се среќава со Кастро, е прв американски претседател што ја посети Куба во последните 88 години.

Во пресрет на состанокот, Обама изјави дека очекува промени на Куба.

– Тука ќе се случат промени и мислам дека тоа и Раул Кастро го разбира – рече Обама за „Еј-би-си“, признавајќи дека тоа нема да се случи „преку ноќ“.