Македонија Нуланд: Спорот за името трае предолго и мора итно да се најде...

Нуланд: Спорот за името трае предолго и мора итно да се најде решение

Решавањето на спорот за името ќе биде добро и за Грција, истакна вчера американскиот државен потсекретар Викторија Нуланд, задолжена за Европа, во Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, пренесе Македонската радио-телевизија.

Нуланд вели дека САД ќе соработуваат и со новата грчка влада предводена од ултралевичарската коалиција на СИРИЗА и истакна дека спорот за името трае предолго и итно мора да се најде решение со кое Македонија ќе може да стане членка на НАТО и на Европска Унија.

– Се надеваме дека ќе можеме да се вратиме на дискусијата со грчката влада и да се обидеме да го решиме долгогодишниот спор, поради кој е невозможно Македонија да биде примена во ЕУ и во НАТО. Продолжуваме да се надеваме дека ќе се дојде до добро решение бидејќи надминување на овој јаз за членство не е само во интерес на стабилноста на Македонија и на Балканот, туку е во интерес и на самата Грција – рече Нуланд.