Подглавна секција Нуклеарната безбедност ќе биде тема на разговор меѓу Лихачев и Гроси

Нуклеарната безбедност ќе биде тема на разговор меѓу Лихачев и Гроси

Русија ја презеде централата во Запорожје, најголемата во Европа, веднаш по инвазијата на Украина во 2022 година, а Меѓународната агенција за атомска енергија ја следи нејзината безбедност додека војната е во тек

Фото: ukrinform.net

Шефот на руската државна нуклеарна компанија „Росатом“, Алексеј Лихачев, планира кон средината на февруари во Русија да се сретне со раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, пренесува „Гардијан“.

Лихачев рекол дека со Гроси ќе разговара за прашањата за нуклеарната безбедност, како и за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Русија ја презеде централата во Запорожје, најголемата во Европа, веднаш по инвазијата на Украина во 2022 година, а Меѓународната агенција за атомска енергија ја следи нејзината безбедност додека војната е во тек.

Во меѓувреме, Русија во понеделникот соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата врз селото Табаивка во украинската област Харков, но Украина тоа го негираше. Руското тврдење е дадено во соопштението на Министерството за одбрана, пренесува „Гардијан“.