Македонија Ново продолжение на конститутивната седница на Собранието утре

Ново продолжение на конститутивната седница на Собранието утре

За утре е закажано новото продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Ќе се продолжи со третата точка, избор на претседател и на членови на Комисијата за прашањата на изборите и на именувањата.

Листата на пријавени говорници сè уште не е исцрпена, а наместо дискусија, до четвртокот седницата се водеше со реплики, контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и процедурални забелешки од таа партиаја и од СДСМ.

СДСМ во четвртокот побара да се смени дневниот ред, со предлог од 10 пратеници, и да се премине на гласање на претседател на Собранието.

Откако во четвртокот седницата беше прекината, почнаа партиски преписки преку соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во кои ВМРО-ДПМНЕ предупредува СДСМ да не се обидува да го менува дневниот ред, а СДСМ, пак, одговараше дека ВМРО-ДПМНЕ мора да прифати демократска и мирна транзиција на власта.