Македонија Новите членови на ДИК ќе дадат свечена изјава во понеделник во 10...

Новите членови на ДИК ќе дадат свечена изјава во понеделник во 10 часот

Собранието го презакажа давањето свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК за понеделник во 10 часот откако денеска беше одложено поради комеморативната седница во Приштина по повод смртта на активистот за албанските права, Адем Демаќи каде отпатува собранискиот спикер Талат Џафери.

Новиот привремен состав на ДИК со 100 гласа „за“ помина експресно на седницата која се одржа во среда вечерта.

Согласно тоа, за претседател на ДИК е Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса се членови на највисокото изборно тело во државата.