Македонија Новите антикорупционери дадоа свечена изјава

Новите антикорупционери дадоа свечена изјава

Свечена изјава во Собранието на Република Македонија денеска дадоа новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се: Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, доктор на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова-Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје, и Жаклина Данчевска, магистер по деловно право од Прилеп.

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата беше изгласан на вчерашната собраниска седница, а во новите редови останаа само двајца членови од стариот состав. Тоа се Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово, и Фарије Алиу, доктор на економски науки од Гостивар.