Македонија Новиот министер за здравство може ќе биде од кај Села, а може...

Новиот министер за здравство може ќе биде од кај Села, а може и не

Разговорите за изборот на новиот министер за здравство се во тек со коалициските партнери од владејачката коалиција, а реконструкција на Влада ќе има доколку биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој се надева дека до крајот на неделата ќе биде донесена одлука и посочи дека многу важно е персоналното решение, односно за какви луѓе се разговара.

– Здравството е високо во очекувањата на граѓаните. Ако дојде од Алијансата за Албанците, тогаш нема да има реконструкција на Владата. Ако дојде пак од друга политичка партија логично е дека Алијансата останува во владината коалиција и треба да има министерско место. Затоа се отворени сите овие можности за дебата. Пресудни ќе бидат имињата кои ни стојат на располагање и кој ќе ја преземе оваа одговорна функција – рече Заев.

Според премиерот, во одлучувањето треба да се гледа прво името на кандидатот за да може граѓаните, пациентите, лекарите и медицинската фела да му веруваат.