Македонија „Новинарски пленум“ бара средба со уредничкиот тим на МРТВ

„Новинарски пленум“ бара средба со уредничкиот тим на МРТВ

Претставници на „Новинарски пленум“ денеска испратиле СМС-пораки до новинарите кои се дел од уредничкиот тим на МРТВ, Горан Петрески, Билјана Василева-Трендафилова, Стојан Трпчевски и Душко Арсовски, со барање за средба, информираа преку соопштение од пленумот.

„Поради загриженоста за состојбите во кои е западната нашата професија, ве покануваме на средба на која отворено би дискутирале за сите предизвици со кои се соочува новинарството, како и за одговорноста и за обврските на јавниот сервис. Средбата би се одржала во Клубот на новинари, во текот на следната недела, во термин соодветен за вас и за членството на пленумот“, било наведено во СМС-пораката.