Македонија Новинарите в сабота ќе избираат нов претседател на ЗНМ

Новинарите в сабота ќе избираат нов претседател на ЗНМ

Фото: Здружение на новинари на Македонија

Редовното Изборно собрание на Здружението на новинари на Македонија ќе се одржи в сабота на 3 декември, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, информираат од ЗНМ. Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10 часот и предвидено е да трае до 11 часот.

Предвидено е поздравен говор да има актуелниот претседател Младен Чадиковски. Ќе биде презентиран и извештајот за работата на здружението како и финансискиот извештај за 2022 година, по што ќе следува претставување на кандидатите. Освен тоа, ќе се избираат и членови на Управниот одбор на ЗНМ, ќе има избор на членови на Надзорниот одбор, како и на членови на Судот на честа при ЗНМ. По гласањето ќе бидат објавени резултатите и ќе следува обраќање на новоизбраниот претседател.

Освен Чадиковски, за позицијата претседател на ЗНМ кандидатура поднесоа Филјана Кока, новинарка од Македонската радио-телевизија и актуелна заменичка на претседателот на ЗНМ, како и Марјан Николовски, уредник во Сител телевизија.