Главна секција Новинарите избркани, почна сведочењето на Груевски

Новинарите избркани, почна сведочењето на Груевски

Почна седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да сведочи премиерот Никола Груевски. Откако претседателот на комисијата, Петре Шилегов, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го известила дека премиерот не сака да влезе во салата додека новинарите се присутни, тој ги повика новинарите да излезат надвор.

Пред да влезе на седницата, Груевски рече дека е таму за да одговори на сите прашања што ги има комисијата за конечно да се соочат со вистината.

– Имаше обид од Шилегов и од СДСМ да предизвикаат криза. Еве веќе два часа чекам да почнам со одговарање на прашања. Очигледно, СДСМ не знаат ништо друго освен да предизвикаат криза затоа што во сите други полиња сме подобри од нив – рече Груевски.

Премиерот не одговори на новинарско прашање зошто побарал седницата да биде тајна.