Македонија Новинари од регионот бараат слобода за Кежаровски

Новинари од регионот бараат слобода за Кежаровски

Новинари од регионот преку отворено писмо ги осудуваат постапките на македонските власти и изразуваат поддршка за новинарот Томислав Кежаровски.

„Срамно и лицемерено е од македонските власти, кои себе си дадоа право да се огласат по повод трагичниот напад на редакцијата на сатиричниот француски весник „Шарли ебдо“, кој го обедини светот во борбата за право за јавно искажан збор и слобода на мислењето, само неколку дена подоцна, на брутален начин да го осудат новинарот затоа што си ја работел својата работа. Свесни сме за фактот дека слободата на медиумите во земјите од регионот е загрозена години наназад и единствен начин да се одбраниме од коруптивните и криминализирани системи е да ја работиме нашата работа професионално и јасно и гласно да изразиме солидарност со колегите на кои заради нивната професионална активност неретко им се загрозени и животите“, се вели во писмото на новинарите.

Тие ги повикуваат надлежните институции на Европска Унија, ОБСЕ и Советот на Европа, итно да се вклучат во решавање на овој случај и да извршат притисок врз македонските власти итно да се ослободи Кежаровски.