Свет Нови поплави на американскиот Среден Запад

Нови поплави на американскиот Среден Запад

Поплави повторно го погодија американскиот Среден Запад, каде за една недела настрадаа 20 лица.

Во некои региони водата почнала да се повлекува, но во други делови нивото на водата и понатаму е загрижувачко.

– Наредив мобилизација на припадниците на националната гарда на Илиноис за да помогнат со поплавите и во спасувањето на луѓето – соопшти гувернерот на Илиноис, Брус Ројнер.

Водата се повлекува од државите Мисури и Илиноис, што овозможило отворање пристап до некои патишта. Нивото на водата, меѓутоа, и понатаму е загрижувачко во Мисисипи.

Поплавите во САД почнаа минатиот викенд, а беа предизвикани од обилни дождови.

Во државата Илиноис е прогласена вонредна состојба.